Премиерот денеска изјави дека ситуацијата во Велика Британија е различна од минатата година, и покрај стравувањата од брзо ширење на новиот сој, пред се, поради широката употреба на вакцини и тестови за коронавирус.

Џонсон нагласи дека доколку луѓето сакаат да присуствуваат на јавни настани „разумна е одлуката прво да се тестираат“.

-Не сакаме да откажуваме настани, да воведеме заклучувања и најбрзиот начин да се вратиме во нормала е да се заштитиме со уште една доза вакцина против Ковид-19, рече тој.

Американските медиуми пренесуваат дека Велика Британија вчера го регистрира најголемиот дневен број на потврдени случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата.

Извршната директорка на британската Агенција за здравствена безбедност, Џени Харис, предупреди дека ситуацијата со вирусот најверојатно ќе се влоши, бидејќи сојот омикрон ќе предизвика нов бран на инфекции за време на божиќните празници, пренесоа британските медиуми.