За возење повеќе од дозволената брзина биле изречени 45 санкции, 45 мерки за возење без возачка дозвола, девет за возач почетник, 14 за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум мерки што ги чинат пешаците, седум за користење мобилен телефон, 10 мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло.

Од МВР потсетуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.