– Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, изготвени им се законски предвидените поднесоци и ќе се соочат со парични глоби од 225 до 325 евра во денарска противвредност, а три возачи кои одбиле алкотестирање со глоба од 500 евра. Покрај тоа, на прекршителите им претстои и мерка времено одземање на возачките дозволи од 3 до 12 месеци, стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму дополнуваат дека при зајакнатата акциска контрола биле констатирани и санкционирани и 30 останати прекршоци.

Од МВР апелираат до возачите да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол со што ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.