– Сакам да ја поздравам акцијата на МВР и повикувам виновниците да се казнат откако ќе се утврди нивната вина. Можам да ја разберам неговата политичка спротивставеност и делување, но личното напаѓање, не. Во ваквиот ставм не му веруваат ниту најблиските соработници, рече Хасани.

Според Хасани, со коментарот „Политичката мафија во Гостивар пред неколку дена беше фатена со 100 килограми марихуана, имаат ли овие луѓе кредибилитет да зборуваат за училиштата” и објава на фотографија на која тој со еден од осомничените за шверц на 100 килограми марихуана, Таравари му ги нарушил угледот честа.