Василевска додаде дека ниту еден од криминалците кои го уништија здравствениот систем не одговараат пред правдата. Ден Дончев никаде го нема, а беше фатен со туце пари во торбата. А, да не говори за криминалните тендери на Филипче.
-Зошто за Ден Дончев не отворивме тема? Зошто Венко Филипче не се загрижи да ја покаже таа негова големина, бидејќи толку е тој традиционално воздигнат? Не покажа ништо Венко Филипче. И тој бега од одговорноста, рече Василевска.
Василевска рече дека не знае колку долго ќе трае министерското место во здравство кој и да седне на тоа место бидејќи предвремени парламентарни избори ќе има.
-Не верувам дека оваа власт ќе се одржи еве вака ако се конструира повеќе од 3-4 месеци. Не веруваме, еве максимум пет нека бидат. Пак ќе кажам прво треба господинот Ковачевски да си ја измери силата, треба да излезе пред граѓаните, на избори, нагласи Василевска.
Василевска укажа дека моментално во Македонија има ненормална ситуација на шест месеци се изгласува енергетска криза, здравствена криза.