Асфалтирањето продолжува и утре со нанесување на вториот асфалтен слој.

Во делот на реконструираниот пропуст на реката Курделес, асфалтирањето се очекува да биде завршено кон крајот на неделата, откако ќе биде постигната соодветната носивост на бетонската коловозна лента.

Улицата Довлеџик ќе се реконструира во вкупна должина од 470 метри.