Кумановки веќе четврта година мора да патуваат во Скопје или соседните помали општини за да извршат редовна контрола на мамограф. Пандемијата ја одложи набавката на мамографот, велат надлежните од болницат
Оттаму додаваат дека Министерството за здравство ги заврши капиталните проекти како што се приклучок на болницата кон гасификациската мрежа и набавка на софистицираниот компјутерски томограф. Од болницата се надеваат дека ќе се набави мамографот и ќе се обезбедат услови за преглед на жените.
-Несреќна околност е што брзо по запечатувањето на стариот апарат и тој беше донација, не бил купен нов, работел бил доста амортизиран и не беше безбеден ниту за пациентите ниту за вработените. Напишавме барање до Министерството за здравство беа отпочнати некои постапки, но потоа фати коронакризата и фокусот се стави на некои други работи. Имавме и почната градба на ургентниот центар, новиот ургентен хируршки центар. Побараме помош од Министерството за здравство за изградба на гасна котларница и тоа е реализирано со нивна помош, тоа се капитални инвестиции, добивме и компјутерски томограф кој е мошне скап апарат и други апарати, ендоскопски столб, сет за видеоинтубација, рендген апарат, ехо апарат, далеку од тоа дека не сме добивале, но мислам дека е навистина крајно време со сите сили да се потрудиме да дојдеме и до мамомат бидејќи голем е бројот на жени во Куманово, кои се принудени да одат во други градови за да направат скрининг, задолжителен, превентивен, некогаш и дијагностички, заради рано откривање на карцином на дојка, изјави директорката на болницата, Снежана Захариева.
На ниво на општина Куманово преглед прават од 200 до 300 случаи на годишно ниво. -Се пријавуваат како случаи кои се упатени на испитување, не сите се излезени како карцином, меѓутоа потребна е првин превенција, а потоа и навремено откривање и третман на карциномот, изјави Захариева.
Мамографот во општата болница Куманово, поради дотраеност и дефект, престана да функционира во октомври 2017-та година. Стариот апарат исто така беше донација и се користеше 21 година. Според податоците на болницата, стариот апарат почнал да се користи во 1996-та година и поради дотраеноста извесен период не се користеше за скрининг.
Според податоците на болницата, најмладата пациентка на која и е дијагностицирано рак на дојка е во раните дваесетти години, највозрасната во 80-тите.