Во продолжение интегрален текст од изјавата на Силјановска – Давкова:

-Прво морам да кажам дека како пратеничка се уште не сум ја видела оставката, всушност ја видов ама на телевизија.

Според членот 219, претседателот на Собранието претпоставувам велите вие дека ја примил оставката треба веднаш да ја достави до пратениците. Зошто? Затоа што на првата наредна седница оставката треба да се констатира.

Вашето прашање значи дека одговорноста е за локалните избори, видете во расчекор сум со мислите до вчера јас на сите емисии дури и самата бев прашувана од новинари зошто ги мешате локалните избори со парламентарните избори, се работи за сосема различни избори. Ама се чини дека конечно после долгото чекање еве чувме бидејќи се уште не сме ја виделе оставката.

Зошто сум јас овде? Јас не знам, значи утре ако се закаже седница ќе ја констатираме но сакам да укажам на еден друг проблем за кој што мислам дека е актуелен, имено во членот 93 во ставот 5 јасно стои дека Владата на која е изгласана недоверба или која поднела оставка во случајот наш, или на која мандатот и престанал поради распуштање на Собранието останува на должност до избор на нова Влада.

Значи во правото постои институтот Влада во оставка. И Владата во оставка е Влада која што има одговорност. И јас сега укажувам на еден чуден феномен. Имено, од 24-ти јуни ние не сме имале пратенички прашања што значи дека не сме можеле да ја оствариме контролната функција во името на граѓаните. Според Деловникот односно одредбата во Деловникот вели дека пратенички прашања се поставуваат во последниот четврток во месецот.

Пратеничките прашања пред да се случат се предмет на разговор меѓу координаторите и претседателот на Собранието. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не информира дека се договориле со претседателот на Собранието пратенички прашања да има утре, односно овој четврток. Зошто? Зошто инаку би требало да имаме пратенички прашања на 30-ти декември.

Затоа ве собравме овде за да ви кажеме дека би сакале утре иако на утрешната седница би гледам дека има дури четири точки, ако е договорено за пратенички прашања тоа е крајно невообичаено бидејќи седницата што е за пратенички прашања треба да се однесува само на пратеничките прашања.

Значи сакаме да кажеме дека не се откажуваме од уставно загарантираното право на пратенички прашања. Само уште една напомена. Ние сме непознат феномен во поглед на пратеничките прашања за што јас одговорно тврдам дека не само што нема земја во ЕУ, туку и во Европа во која пратенички прашања се поставуваат еднаш во месецот. Најчестиот пример е еднаш во неделата, а постојат и држави далеку сме ние од нив, како Британија каде што секој ден има пратенички прашања или секоја седница почнува со пратенички прашања, а еден ден одговара премиерот на пратенички прашања. Зошто? Бидејќи пратеничките прашања не се креација апстрактна на пратениците, туку соодветствуваат на интересите и потребите на граѓаните. Значи на пример ако во Република Ирска годишно се поставуваат верувале или не околу 25 илјади пратенички прашања, а во Франција 5.400 кај нас помнежете 10 месеци по 20-тина пратенички прашања во просек оти не стигнуваме повеќе од 8 до 10 пратеници тоа би биле помалку од 250 пратеници. Тој институт question time време за прашање е светински труд, но кај нас со месеци не постои. Значи потсетуваме дека сакаме да има седница за пратенички прашања.

И уште еден интересен феномен реков дали 8 до 10 пратеници успеваат да постават прашање, а обично има по 15-16 кандидати. Замислете за различни прашања остануваме долго во ноќта овде па дури и во утринските часови, ама за пратенички прашања многу пати сум велела па зошто да не останеме по 18 часот за да ги удостоиме граѓаните. Меѓутоа одговорот бил Деловникот предвидува дека работата трае до 18 часот. Значи мислам дека се работи за важно прашање на демократијата кое се вика пратенички прашања и дека и премиерот во оставка и министрите во оставка и Владата во оставка се должни се до изборот на новата Влада да одговорат на горливите прашања на граѓаните поставени преку нас, посочи Силјановска – Давкова.