Како што соопшти МВР, вчера, утрото, во 8.10 часот на подрачјето на Бит Пазар, припадниците на Единицата го лишиле од слобода С.Т.(37) кој се барал по потерница, по што лицето е предадено во полициска станица Бит Пазар за понатамошна постапка.
Вчера, вечерта, пак, околу 20.10 часот, исто така, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата го привеле А.А.(32) од Скопје кој се барал по судска наредба издадена од Основен кривичен суд Скопје. Лицето е предадено во полициска станица Бит Пазар за понатамошно постапување.
Во третиот случај, вчера, околу 20.40 часот на подрачје на Центар од полициски службеници од Единицата е приведен и Х.Б.(40) од Скопје кој се барал по судска наредба издадена од Основен кривичен суд Скопје. Лицето е предадено во Полициска станица Центар за понатамошно постапување, стои во соопштението од МВР