Тутунопроизводителите овие пет години едвај крај со крај врзуваат. Уште во март месец годинава тутунските здруженија до владата поднесоа барање за измена и дополнување но за жал како и во поголемите случаеви наидуваат на неразбирање. Јас доаѓам од општина која што 90 проценти од граѓаните се занимаваат со тутунопроизводство, а во моментот ја имаме најлошата откупна цена, односно ако земеме во предвид дека трошоците на земјоделците, па дури и на сите граѓани се покачени за некаде околу 30 процени, во моментот имам информација дека откупната просечна цена на тутунот е 180 денари. Ако земеме во просек што е она што е покачено изминатиот период гледаме дека цената на тутунот паѓа на 140 денари, што е ниту за дискутирање, рече тој.

Градоначалникот Ристов се пожали и за незаинтересираноста од страна на Државниот инспекторат за земјоделие, појаснувајќи дека до сега не се појавиле на откупните пунктови додавајќи дека треба да ги штитат интересите на земјоделците, а не на откупувачите не тутун.

Јас изминатиот период посетив неколку откупни пунктови но на жал проценката е лоша, инспекторите кои се надлежни да вршат контрола ги нема. Денеска поднесов барање до Државниот инспекторат за земјоделие, се надевам дека од понеделник ќе дојдат и сакам да порачам дека инспекторатот е да ги штити земјоделците, а не откупувачите на тутун. Се надевам дека ќе се појават, инаку со оваа динамика на откуп на тутун мислам дека тешко ќе поминеме и оваа година, рече Ристов.