Добар ден и од мене, добредојдовте во општина Конче, во населеното место, село Конче.

Позади нас е изведба на канализациониот крак финансиран од ТАВ Македонија, кракот е во должина од 3.100 метри, вкупната вредност на канализациониот крак е во вредност од 21 милион денари. Како што можете да забележите значи во почетна фаза сме, краен рок на завршување на градежните активности е 31 декември.

Искрено се надевам дека ќе се вклопиме во рокот и граѓаните на општина Конче ќе го добијат значи овој проект во рамките на предвиденото.