– За разлика од Скопје каде што Седат Пекер познат во Македонија како Џадин Амедовски, имал таква патна исправа, во Скопје се движел слободно, додека во Истанбул утрово од 6 часот турската полиција веќе почна една голема операција во која што се лишени од слобода повеќе од 40 лица, и се трага по мафијашот Седат Пекер, кој што во Македонија слободно добил патна исправа на име Џадин Амедовски. За разлика од тоа што овој меѓународен мафијаш во Истанбул мора да се крие и не може слободно да се движи бидејќи турската полиција насекаде го бара, во Скопје се движел слободно со своите политички и бизнис другари блиски до актуелната власт. Како што може да се види од ова кратко видео Седат Пекер кој што добил македонска патна исправа под името Џадин Амедовски во Скопје бил пречекуван со службени полициски возила на аеродромот, му бил обезбеден ескорд до центарот на градот, а во градот бил придружуван и од лица од МВР како дел од неговото обезбедување. Инаку се сретнувал како што кажа и премиерот и со повеќе коалициони партнери на актуелната владејачка гарнитура и со нивни бизнис партнери, вели Милошоски.
Тој додава дека во денешната акција во Истанбул турската полиција го бара за организирање на криминална група за поткуп, за рекет, за нанесување на телесни повреди како и за лишување од слобода на повеќе лица. затоа сметаме дека аферата „Мафија“ на Македонија и донесе две големи непријатности, прво, нарушување на имиџот на Македонија како сива зона во која прибежиште можат да најдат меѓународни криминалци и второ, наместо да им помогне Македонија на пријателските држави како Турција, Црна Гора, Србија или Италија и целата ЕУ, им одмага со тоа што нуди прибежиште на вакви познати криминалци кои се занимаваат со меѓународна трговија со дрога.