Полициски службеници од ОВР Кичево пред два дена го лишија од слобода А.В.(18) од Кичево.
Од СВР Охрид информираат дека тој е уапсен поради постоење основи на сомнение дека извршил обљуба врз малолетничка од Кичево.
Него му е одредена мерка притвор, по што бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор- Битола за издржување на мерката.