Дали забраната за употреба на пластични кеси ја оправда целта на властите за почиста животна животна средина?
Повеќе од еден месец откако стапи на сила законот за употреба на пластини кеси, од државниот пазарен инспекторат велат дека контролите на терен покажуваат намалена употреба на пластичните кеси. До сега инспекторатот не изрекол ниту една казна на трговец за непочитување на законот.
Од инспекторатот велат дека сеуште има недоумици со дел од трговците, и појаснуваат дека пластичните кеси кои се за носење а се изработени од пластика, без разлика дали се со рачки или без рачки, треба да се наплатуваат. Од таму велат дека кесите што немаат рачки се користат само за пакување на производите кои пак понатаму треба да се стават во друга кеса или торба, односно кесите без рачки немаат голема носивост, ограничено им е кориостењето и полесни се за рециклирање.
Граѓаните на пазар најчесто од дома си носат кеси, нивна оценка е дека забраната нема да ја постигне целта, ако не се подигне јавната свест.
Од Иницијативата за забрана на пластични кеси велат дека забраната е нецелосна а ефектот, e половичен. Тие посочуваат дека тоа што пластичните кеси, се враќаат „на голема врата“ и во незанемарливи количини е закана за животната средина и претставува нелогично и грубо кршење на законот.