Полициски службеници од СВР Скопје во координација со инспектори од град Скопје денеска, од 8 до 14 часот, спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници при што откриле и санкционирале четири возила, од кои две биле со неисправни сопирачки, а едно со неисправен уред за управување.
Како што соопшти МВР, тие веднаш се исклучени од сообраќајот, а изготвени се и соодветни поднесоци.
– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведуваат од МВР.