На 11.01.2022 во 19.05 часот било пријавено дека во близина на терминал на Граничен премин „Деве Баир“, патничко возило „дачија дастер“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник, удрило во товарно возило „рено“, со турски национални ознаки, паркирано од С.А.(63) од Р.Турција.

Двајца полициски службеници се здобиле со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка.

Извршен е увид.