Ватикан денеска ги прошири своите рестриктивни мерки воведени поради коронавирусот и отсега тие се однесуваат и на Систинската капела.
-Секој што сака да го посети тој дел од ватиканската палата, познат по фреските на Микеланџело, ќе мора да приложи доказ за вакцинација или прележаност на Ковид-19, соопшти Светата столица.
Ова правило беше воведено на 10 јануари во ватиканските музеи, градините и во летната папска резиденција Кастел Гандолфо.
-Вработените во Ватикан сега мора да носат заштитни маски ФФП2, се вели во соопштението.
Ватикан ги заснова своите ограничувања на правилата воведени од италијанската Влада.