Полициски службеници од Полициското одделение Чашка, на 11 јануари ги лишеле од слобода М.Ѓ.(59) и Д.Т.(36), двајцата од Прилеп, информираат од МВР.
– При контрола на возило „лада нива“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ., каде како сопатник бил Д.Т., извршена околу 17:00 часот на подрачјето на с.Степанци, Чашка, во близина на манастирот „Св.Димитрија“, ловочувари и полициски службеници пронашле две ловни пушки и соодветна муниција за кои двете лица не поседувале дозвола, велат од МВР и додаваат дека лицата се приведени, оружјето им е одземено и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.