Според нив, овој случај докажува дека Тетово станало опасно место за живеење, како последица на неодговорноста, криминалот, корупцијата и лошото менаџирање на претставниците на локалната и централна власт.

– И ако ги прашате за овој случај, тие повтортно ќе го третираат како инцидент, судбина или природна катастрофа. За да ова не биде доволно, кога детето било пратено во болница, кажано им е дека немаат вакцини против беснило, последователно семејството било приморано да заминат за Скопје, во тамошниот клинички центар. Градот Тетово, не само што не е безбеден за живеење, нема ниту ефикасно здраство за да помогне. Нема безбедни училишта, исто така од неодамна сме сведоци дека во опасност се и куќите, дворовите и населбите. И после сето ова, ние не можеме да бараме одговорност од тие што не поднесоа одговорност ниту за 14-те изгубени животи, истакна Абдула Османи од Алијанса за Албанците.

Општина Тетово, по вчерашниот напад од бездомни кучиња во кој тешко е повредено петгодишно дете од Мала Речица крај Тетово, најавија дека ќе се обезбедат дополнителни средства за третман на животните скитници, како и дека преку регионален пристап ќе се надминува оваа проблематика.