За ова зборуваме често и на политичко и на воено ниво, има повеќе механизми што постојат покрај националните напори, изјави командантот на Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол, адмирал Роберт Бурк на прес-конференцијата со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, прашан дали постои начин НАТО да се приклучи во обезбедување вакцини за Ковид-19 за нашата земја.

– Сметам дека веќе бројот на одобрени вакцини се повеќе се зголемува. Минатата недела беа одобрени дополнителни, а можностите за произведување исто така се зголемуваат, така што се зголемува и можоста за производство на се повеќе вакцини и ќе имаме можност да помогнеме да се олесни овој процес. Разгледуваме неколку опции, незнам која ќе биде избрана, но се работи динамично на тоа бидејќи ја разбираме ситуацијата на сите земји, а и сфаќаме колку е тоа важно за вас, изјави адмиралот Бурк, кој е во официјална посета на нашата држава по повод одбележувањето на првата годишнина од членството на  Македонија во Алијансата и затворањето на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје