Како што најавив,  дека обвинителот Бурим Рустеми денеска на главна расправа на ТНТ се произјасни во врска со доказите на одбраната и не даде согласност за да се прочитаат доказите на одбраната, иако се уште не се прочитани и изведени доказите предложени од стана на поранешната СЈО, реагира адвокатот Мерџан Даути.

Ова следува по денешното рочиште на кое судот не дозволи да се изведуваат доказните на одбраната.

Тој бара да се почитуваат законите во Македонија и потсетува на претходниот разговор со Рустеми.

Даути бара да се почитуваат законите и дека предметот ТНТ како и другите предмети кои ги застапува пред Основниот кривичен суд имал договор со судот да завршат до крајот на година т.е најкасно до 15.12.2021 година.

Успеал, му честитаме-реагира Даути

Тој поставува прашањето каде е тука еднаквоста на оружјата кога претходно обвинителството и судот договараат што треба да се случи на главна расправа.

Ве молам итно да превземете соодветни мерки со цел владеење на законите во Македонија и водење на судски постапки согласно позитивните законски прописи-бара Даути.