Аџиоски до Ковачевски: Јавно да кажете дека сиот овој циркус е за продолжување на криминалот

А
Македонија 15.02.2023. 17:50

Тој исто така го запраша премиерот Димитар Ковачевски за тоа што се смени кај овие министри кои бара да бидат разрешени кога пред само една година самиот тој ги предложил и за нив имаше само пофални зборови.

„Затоа би го прашал премиерот што се смени кај овие луѓе за после една година да барате да се разрешат. Овие се истите луѓе кои пред една година, односно нивната партија гласаше за вас и ве направија премиер. Тоа треба да им го одговорите на македонските граѓани, а не тука само без никакво образложение да барате нивно разрешување. Овој министер за здравство е истиот оној министер кој го фалевте пред точно една година и истиот оној министер што ве информирал и барал од вас уште пред два месеци да донесете одлука на влада за да се обезбедат средствата и да се набави лекот за болните од цистична фиброза, но вас ви текна дека сте премиер и дека кај вас е клучот за решавање на овој проблем, за жал откако почина тој на кој што му беше најпотребен лекот, за без срам и грам човечност одма после тоа и оваа несреќа да ја искористите и да барате одговорност од сите, но не и од самиот себеси“, рече Аџиоски и додаде:

„Треба јавно да кажете дека сиот овој циркус е за продолжување на криминалот што го правите заедно со ДУИ и дека сето ова е со цел да продолжите да крадете, уште некој месец, да продолжат бизнисите уште некој месец. Треба да кажете дека им помина употребната вредност на овие министри од Алтернатива затоа што ДУИ си најде други другарчиња за да бидат министри кои исто така се со употребна вредност, но моментално се како пратеничка група бројчано повеќе и затоа се по атрактивни за политички пазарења“.


Останати вести од Македонија

Подкаст

Подкаст