Сопругот на уапсената потпретседателка на Европскиот парламент, Ева Каили, Франческо Џорџи, кој е вмешан во аферата Катаргејт, призна дека учествувал во скандалот.
Според порталот Il Fato Quotidiano, Џорџ, кој е сопственик на две невладини организации, ова признание го дал пред белгиските инспектори.
Тој признал дека управувал со готовина што доаѓала од Мароко и Катар, а таа била дистрибуирана меѓу претставници на Европскиот парламент, парламентарни асистенти и други личности кои можат да влијаат на нивното гласање и однесување во бриселските институции.
Во исто време, се извини што постапил незаконски и побара неговата сопруга да биде ослободена од притвор за да може да биде со нивната мала ќерка. Каили, сепак, ги негираше сите обвинувања.
Меѓу уапсените за корупција се и еден од потпретседателите на Европскиот парламент, Гркинката Ева Каили и нејзиниот сопруг, како и поранешниот социјалдемократски пратеник на ЕП, Пјер Антонио Панцери и други личности.