Африкански бран во Македонија.
Од утре, земјава повторно ќе биде под силно влијание на жешка воздушна маса од северна Африка. Ќе донесе значителен пораст на температурите – на некои места и до 40 степени Целзиусови, предупредуваат метеоролозите.
Времето ќе биде претежно сончево, исклучително топло и сушно. Според прогнозите, УВ индексот ќе достигне многу високи вредности, што претставува сериозна закана за здравјето, особено во периодот од 10 до 17 часот.
Алармантно потопло и посушно лето пред Македонија, предупредува УХМР
Надлежните институции апелираат граѓаните строго да ги почитуваат стандардните препораки за заштита од топлотни бранови:
Да се избегнува директно изложување на сонце
Да се внесува доволно течности
Да се носи лесна и светла облека
Да се користи крема со заштитен фактор и да се престојува во засенчени или климатизирани простории
Особено ранливи категории се постарите лица, малите деца, хронично болните и работниците кои работат на отворено. Министерството за здравство ги повикува сите граѓани на зголемена претпазливост и грижа за своето и здравјето на своите блиски.
Извор: Република