Од агенциијата за Охрид 1 велат дека нашле неправилности, но детали најавиле за подоцна. Охрид 1, меѓу другото прашал во АХВ дали кујната работела со издадено решение за подготовка на храна, како и кога е издадено и до кога важи. За сите прашања, портпаролката најавила детали во текот на денот.
Охрид 1 се обратиле и до менаџерот на „Оревче“ Љубиша Арсиќ, кој потврдил дека дошла инспекција и дала објаснување кое го пренесуваат во целост:
Почитувани, во врска со вашето прашање околу посетата на инспекторите за храна и ветеринарство ве известувам за следново.
По извршените проверки беше констатирано дека треба да направиме анализа на водата која ја користиме како техничка, а ја вадиме од извор во близина на плажата, со цел да провериме дали е исправна. Ние за денеска во 17 часот закажавме лиценцирана фирма кој ќе ги направи анализите и согласно резултатите ќе преземеме соодветни мерки, во смисла поставување на УВ ламби и прочистувачи со хлор доколку е тоа неопходно.
Денеска ние нема да ја користиме водата, и ќе служиме пијалок во лименки и пластични чаши.
Откако ќе ја надминеме ситуацијата ќе продолжиме да ја користиме водата. Напоменувам дека водата се користи исклучиво како техничка и воопшто не ја даваме на гости за пиење.
Друга работа која ни е наложена е до понеделник да предадеме кај надлежните институции договор за закуп на парцелата, што секако го поседуваме веќе 12 години и ќе биде навремено доставен, пишува во објаснувањето од Арсиќ.