Агим Красниќи по цели четири години бегство, сега повторно е вратен во затвор. Тој и неговата група од Кондово беа обвинети за кривичното дело подготвување на тероризам, но и киднапирање, изнуда и насилство.

Штипски затвор

Пред три дена бил естрадиран од Косово во штипскиот затвор, а токму таму треба да одлежи уште 36 месеци, односно уште три годинии колку што му остануваат од казната која беше 15 години.

Нема да има екстрадиција?

Медиумите пишуваат дека веројатно нема да има негова екстрадиција. Првично одреден е 48 часовен притвор, заедно со останатите уапсени. Тој има да одговара за повеќе дела.

Красниќи исчезна во 2020-та

Т.н. „исчезнување“ на Красниќи беше во 2020-та година кога наеднаш стана недостапен за македонските власти. Тогаш тој искористил слободен викенд, а отпосле не се вратил во затвор. Македонија распиша меѓународна потерница.

Досие

15 години затвор зад името на Красничи следуваат заради нерегуларности на избори, злосторничко здружување, неовластено поседување оружје и други дела. Крсничи е познат и како водач на кондовската група, која ја сочинуваа седум членови.

Политичка позадина на ДПА

Инаку, своевремено Агим Красниќи беше член на ДПА. Тогаш, во 2007 година раководството на оваа партија се закани дека доколку судот го осуди на казна затвор, ДПА ќе го промовира во член на парламентот, со што тој би добил пратенички имунитет.