На списокот за помилување од издржување на дел од затворската казна или за целосно помилување како предлог до претседателот на државата Министерството за правда има 48 лица. Меѓу имињата се и бизнисменот Сеат Кочан, Александар Василевски-Нинџа, контроверзниот сведок на обвинителството за случувањата на 27 април 2017 година, Бобан Илиќ, осуден за убиството на 4 годишниот Алмир во Куманово…

-За предлозите за помилување на некои затвореници, кај заменик министерот за правда не се согласив и секако институционално реагирав!

Предлозите до Управата на затворите за помилување на одредени затвореници кои со своите криминализирани дела вознемируваа граѓани и ги уриваа темелите на државата, никогаш нема да ја добијат мојата поддршка и не треба да имаат поддршка ниту од министерството за правда.

-Никогаш нема да молчиме за каузата на правдата!, напиша заменик-министерот кој доаѓа од редовите на ДУИ.

Конечната верзија на списокот ќе биде испратен до Комисијата за помилување, во кабинетот на претседателот на државата.