Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија лишиле од слобода четириесет и седумгодишен жител на градот. Приведувањето било извршено ноќеска во 03:30 часот по претходна пријава за инцидент.
Според официјално пријавеното, околу 01:00 часот по полноќ во семејниот дом, лицето Ѓ.К.(47) агресивно се однесувало кон неговата 72-годишна мајка.
Лицето е веднаш задржано во просториите на Полициската станица Гевгелија, а за целиот настан е известен дежурен јавен обвинител.
Од полицијата соопштуваат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
