Лидерот на ДУИ Али Ахмети синоќа од средби со гостиварци најави дека ветингот ќе го спроведат странски експерти. Тој, како што рече, е горд и среќен од кадрите на ДУИ кои се огледало на државата.
Освен Ахмети, на четвртата средба со сопартијците и со граѓаните на општина Гостивар, се обратиле и претседателот на Собранието Талат Џафери, генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети, министерот за економија Крешник Бектеши, претседателот на гостиварскиот огранок на Валдет Џафери како и пратеничката Вјолца Латифи Адеми.
Лидерот на ДУИ истакнал дека како Албанци, решени се да бидат на вистинскиот пат и дека ја промовираат правната држава. Според него ДУИ 20 години е на вистинската страна и толку години инвестира во обука на кадри.
„Се гордеам со кадрите кои ни го белеат образот. Ме прават среќен затоа што се огледало на државата, а тоа ме прави неуморен да продолжиме и да одиме напред. Додека зборуваме, Бујар се враќа од Украина. Скринингот што започна кај нас се прави за земјите кои бараат влез во ЕУ. Членството на земјата во ЕУ е бенефит за идните генерации. ДУИ е партијата со најголема внатрешна демократија. Работиме добро и внатре и во институциите. Нашата цел е зајакнување на државата, економијата и правдата. Почнувајќи од мене, ќе го започнеме ветингот, судството и обвинителството да бидат чисти и правични, со експерти од странство“, рече Ахмети.
Џафери истакнал дека сојузот што го направивле со Ахмети е сојуз со младината.
„Денес нашата младина е со оние кои заслужуваат да ги носат процесите на свои плеќи. Другиот сојуз е со народот. Не треба да се спротивставуваме затоа што имаме еднакви права. За тоа што го направивме, не треба да се обвинуваме меѓусебно затоа што таа проценка ја даваат граѓаните. Тие што заслужија, а оние што не заслужија, граѓаните им го покажаа местото – рече Џафери.
Министерот за економија Бектеши го пофали првиот вицепремиер Артан Груби за сработеното.
„Заедно со првиот меѓу нас, Груби донесе неколку одлуки за доброто на граѓаните и фирмите. Средствата за прв пат се поделени подеднакво, штом во минатото имаше дискриминација, на оние региони кои беа маргинализирани сега дополнително ќе им се помага. Закон за финансиска поддршка и активни мерки за самовработување3, рече Бектеши.