Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во Чаир на партиски митинг, најави рушење на нова барикада.
-После министер за одбрана Албанец, после министер за надворешни работи Албанец, после Претседател на Собрание Албанец, на следните парламентарни избори последните 100 дена влегуваме со Премиер Албанец. Наредно е претседател на држава да биде Албанец, истакна Ахмети, пренесе ТВ21.