Изјавата на генералниот секретар на Движењето Беса, Аријанит Хоџа, дека „Желино кое создаде партија (како Движењето БЕСА), може да стане и Желино што ја урна Владата!“, лидерот на ДУИ ја опиша како емотивна изјава дека имал намера да изврши притисок врз институциите.
-Емотивна изјава, и директен притисок врз органите кои се надлежни да воведат ред и правда во државата. И мислам дека тоа е притисок врз институциите. Не мислам дека Движењето БЕСА ќе се повлече, бидејќи нанесува штета на дотичната партија, но верувам дека тоа е еден вид притисок врз коалицијата, но коалицијата не е оштетена од ваквите изјави и притисоци. Но, тоа не е добро бидејќи се врши притисок врз институциите, изјави Ахмети.