Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, го изрази својот став денеска, истакнувајќи дека во тековната ситуација изборите не претставуваат моментално решение. Во својата изјава, тој постави акцент на тоа дека парламентарните избори ќе се одржат во рамките на редовниот термин.

-Приоритет над приоритетите е како да се постигне договор за уставните измени и одржувањето на меѓувладината конференција, што треба да се одржи на крајот на оваа година. Не знам што можеме да направиме за да им служиме подобро на луѓето, отколку да ја зачлениме земјата во Европската унија. Изборите не нудат решение, така што, изборите ќе се одржат во редовниот термин, напролет следната година, рече Ахмети на новинарско прашање на промовирањето на проектот „Подобрување на водоснабдувањето за населените места Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ, Ласкарце, Чајлане и Семениште“.

Ахмети, денеска објави дека во случај на ВМРО-ДПМНЕ да им пречи ДУИ да биде во предводењето на државата, нивната партија ќе се повлече од извршната власт, во моментот кога тие ќе ги гласаат уставните измени.  Оваа изјава следува како одговор на актуелните дебати околу уставните измени и политичката сцена во земјавата.

Според него, уставните измените се критичен чекор за напредок во политичката динамика на државата.

Сепак, во одговор на последните настани, кога претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го повика претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на лидерска средба за разговори околу претстојните избори и изборниот процес, Ахмети јасно изрази дека не гледа потреба за оваа средба.

Оставајќи го на страна можниот дијалог, ДУИ продолжува да ја поддржува неопходноста на уставните измени како предуслов за идните развојни чекори во земјавата. Развивањето на политичката динамика и реформите на уставот остануваат кључни цели за партијата.