Денес, Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, одржа средба со амбасадорката на Швајцарија во Македонија, Вероник Хулман. Според информации од партијата, на средбата беше разговарано на важни теми од земјава, вклучувајќи ги и евроинтеграциите, уставните измени и швајцарската помош.

Претседателот Ахмети и амбасадорката Хулман споделија информации за интегративниот пат на  Македонија, вклучувајќи го и процесот на скрининг. Според нив, земјава успешно ги исполнува условите за продолжување на интегративниот процес и членството во европската заедница.

Усвојувањето на уставните измени беше истакнато како неопходна потреба, се имајќи предвид дека нема друга алтернатива освен влезот во големото европско семејство.

Ахмети изрази благодарност кон швајцарската влада за непрекинатата поддршка и инвестиции во програми кои го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните и придонесуваат кон демократизацијата на државните процеси.