Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) нареди итно повлекување на еден производ од маркетите и продавниците.

АХВ ги информира потрошувачите дека се отповикува следниот небезбеден производ – колачот „QUADRONE VERIEGATO Geechele 400“, поради присуство на хлорпирифос, опасен пестицид забранет за користење во Европската унија.

„Доколку граѓаните го купиле овој производ од серијата со рок на траење до 15 октомври оваа година, истиот да не го конзумираат и да го вратат таму каде што го купиле. Сериски број/лот: 15.10.2023, со рок на употреба: 15.10.2023, од производител: GECCHELE Italy. Увозник: ВЕРОПУЛОС ДООЕЛ Скопје, а дистрибутер: IL FORNAIO DEL CASALE S.p.A Italy“, соопшти Агенсијата за храна и ветеринарство.