Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) рекоа дека тврдењата на Трипуновски се неосновано ширење паника и доведување на граѓаните во заблуда. Од Агенцијата велат дека при увоз на млеко од Србија и од Босна и Херцеговина се земаат мостри на граничните премини, односно пратките не се пуштаат во промет до добивање задоволителен резултат од тестирањата. Од Агенцијата тврдат дека нема канцерогено млеко во земјава.

Во однос на тврдењатана Комисијаза за земјоделство на ВМРО ДПМНЕ, Бабавовски вели дека се собирање ситни политички поени и злоупотреба на чувствата на народот, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски.

 

 

-Со изнесување т.н. факти, презентирајќи лабораториски наоди за небезбедно млеко со афлатоксин, кои во ниту еден момент не ги демантираме како институција, тој, непознавајќи ги процедурите за работа и законските прописи, несвесно, не само што ги доведува во заблуда потрошувачите, туку кај нив шири страв за безбедноста на храната која ја консумираат и за нивното здравје. Досега Трипуновски требаше да научи дека пред да се пуштат во промет, уште на граничните премини и на местото на истовар, особено млеко и млечни производи кои се увезуваат од соседна Србија и од БиХ, поради утврдениот ризик од афлатоксин во овие производи, АХВ врши задолжително лабораториско тестирање на секоја пратка која останува под надзор се додека за неа не се добие задоволителен резултат за да се најде во промет. Оттаму, лаички е да се тврди дека проивзодите кај кои е детектирано присуство на афлатоксин над максимално дозволените граници се пуштени во промет, истакна Бабовски.

Во врска со вчерашните наводи на Трипуновски за наводниот протеински јогурт со афлатоксин, Бабовски тврди дека е манипулација.

-Одговорно тврдам дека станува збор за чиста манипулација од негова страна. Се работи за две пратки пробиотски јогурт, секоја од по 7 053 килограми, односно вкупно 14106 килограми од овој производ со зголемено ниво на афлатоксин, кои во текот на вчерашниот ден се вратени во Србија со согласност на извозникот и на надлежниот орган на Република Србија. Ни случајно овие производи, како што твди Трипуновски, не се нашле во промет, туку биле под официјален надзор се до враќањето. За „канцерогениот“ јогурт со афлатоксин, го повикуваме, бидејќи располага со лабораториските резултати кои имаат и сериски број и лот за секоја земена мостра, а и не и верува на АХВ, слободно да го побара во маркетите. Во однос на вчерашното тврдење дека нефункционира националниот систем за брзо известување, досега требаше да му биде јасно дека овој систем алармира само тогаш кога небезбеден производ е ставен во промет, потенцира Бабовски.