Околу два часа откако властите ја евакуираа Ајфеловата кула поради закана за бомба, на посетителите им беше дозволено да се вратат, објавија странските агенции, повикувајќи се на извор од француската полиција.
„Тоа беше лажна тревога, луѓето можат да се вратат внатре“, посочија од полицијата.
Кулата покрај реката Сена ја посетуваат околу 7 милиони луѓе секоја година.
Ајфеловата кула и околните области на француската престолнина денеска беа евакуирани по закана за бомба. На местото на настанот беа испратени експерти за деактивирање бомби, објави весникот „Паризиен“.