Најавени санкции ако Путин одбие преговори

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера изјави дека најверојатно ќе воведе санкции против Русија доколку нејзиниот лидер, Владимир Путин, одбие да преговара за прекин на војната во Украина, пренесе „Ројтерс“. Трамп не сподели детали за потенцијалните дополнителни санкции.

САД со веќе воведени санкции против Русија

САД веќе имаат воведено сериозни санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Зеленски, Путин, Макрон: Како светските лидери реагираа по инаугурацијата на Трамп?

Можна воена поддршка за Украина

Според зборовите на Трамп, неговата администрација го разгледува и прашањето за испраќање оружје на Киев. Американскиот претседател додаде дека Европската Унија треба да направи повеќе за поддршка на Украина.