Актерката Силвија Стојановска денеска е осудена на три и пол години затвор, а нејзиниот партнер Воислав Будисавјевиќ на 7 години затвор.
Нив им се судеше по обвинението за транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.
Стојановска до правосилноста на пресудата ќе остане на слобода, бидејќи и е укинат куќниот притвор и за неа е одредена мерка на претпазливост, додека Будисавјевиќ до правосилноста на пресудата ќе остане во притвор.