Џејла Рамовиќ приведена во Кичево поради настап без работна дозвола

Познатата пејачка Џејла Рамовиќ од Босна и Херцеговина била приведена во акциска контрола во Кичево, заедно со нејзиниот бенд. За време на засилените проверки во локалите долж патот Кичево–Охрид, полициски екипи од Одделението за внатрешни работи Кичево и Регионалниот центар за гранични работи Запад влегле во објект каде што 23-годишната уметница настапувала.

Констатирана повреда на Законот за странци

Во локалот биле затекнати и членовите на нејзиниот бенд – К.Џ. (27), Е.П. (25), Ф.Ј. (28) и И.К. (24), сите државјани на БиХ. Според официјалното соопштение на СВР Охрид, музичарите изведувале настап без претходно издадена работна дозвола, со што го прекршиле Законот за странци. По утврдувањето на прекршокот, пејачката и нејзиниот тим биле приведени.

Поднесена прекршочна пријава

Целата група е спроведена до полициска станица, а против сите инволвирани е поднесена прекршочна пријава до Основниот суд во Кичево. Настапот што требаше да биде музичка вечер за публиката, за младите уметници заврши со сосема поинакво искуство.

Ваквиот случај не е прв пример странски артист да биде приведен заради настап во локал. Пред само една недела беше приведен српскиот пејач Аца Лукас кој исто така настапувал без работна дозвола.

АЦА ЛУКАС ПРИВЕДЕН НА НАСТАП ВО КАВАДАРЦИ: МВР се огласи и ја откри причината за апсењето