По натпреварот се коментира и потегот на Чиро Имобиле кој претходеше на голот на Италија. Имобиле лежеше на тревата жалејќи се на повреда, но кога Барела погоди тој стана како да не му е ништо.
Снимката брзо се рашири на социјалните мрежи, а голем дел од јавноста го осуди напаѓачот на Лацио. Еден од критичарите беше легендарниот англиски напаѓач, Алан Ширер.
– Воошпто не сакам да се смеам на ова затоа што е жално. Може да се види и како гледа кон судијата пред да падне. Жално и срамно, искоментира Ширер.