Капитенот на италијанската фудбалска репрезентација Чиро Имобиле во пресрет на утрешниот квалификацикси натпревар од групата за ЕП-2024 со Македонија во Скопје најавува тежок меч.

-Теренот е многу лош. Има многу дупки и ќе биде тешко да се игра, вели Имобиле.

Искусниот 33-годишен напаѓач има постигнато 16 голови во националниот дрес во 56 средби кои ги има одиграно.

-Кога го облекувам националниот дрес, тоа секогаш има посебна тежина за мене. Не дека тој дрес вреди повеќе од клупскиот дрес, но тоа е дрес кој ги преставува сите клубови. Пред нас е едно сосема ново искуство затоа што започнавме да работиме со нов селектор, од кого може многу да се научи. Последен пат кога игравме против Македонија тоа беше многу деликатен момент за нас. Тогаш бевме многу нервозни и затоа загубивме. Македонија има силен тим со фудбалери кои играат во добри клубови. Елмас е исклучително добар фудбалер, многу добро го познавам неговиот квалитет, рече Имобиле на вечерашната прес-конференција.

Поради лошата состојба на теренот на арената „Тодор Проески“ во Скопје, репрезентацијата на Италија не тренираше, туку само се прошета по тревникот.