Македонија на патот кон ЕУ остана блокирана
Македонија останува блокирана кон ЕУ. Скопје и Тирана раздвоени на европскиот пат. Амбасадорите на земјите членки на ЕУ едногласно одлучија, на 15-ти октомври во Луксембург да се одржи втора меѓувладина конференција со Албанија, со што земјата ќе почне да ги отвора поглавјата од првиот кластер – темели.
Мицкоски ѝ посака успех на Албанија на патот кон ЕУ
Премиерот Мицкоски нагласи дека ваквите сознанија ги имал уште при посетата на Брисел. Тој смета дека со ваквата одлука се дава лоша порака кон македонските граѓани, а Македонија ја опиша како единствен случај каде билатерални договори се ставаат како услов во Преговарачка рамка.
Мицкоски: Посакувам многу среќа на Албанија, можеби нашите патишта ќе се сретнат на патот кон ЕУ
Преговарачка рамка
За Македонија останува да се исполни условот од преговарачката рамка за уставните измени.
Ќе стагнира во евроинтеграцијата сè додека не го исполниме условот за уставни измени, предупредува директорката на Институтот за европска политика, Симонида Кацарска за МРТ.
Пристапни преговори од 2022 година
Македонија и Албанија ги почнаа пристапните преговори со ЕУ во јули 2022 година, кога беа одржани првите меѓувладини конференции со Скопје и Тирана.
Реакции од Софија
Бугарските политичари ги изнесоа своите ставови кон Македонија. Во нивното предизборие анти-македонските ставови тамошните политичари ги користат да соберат политички поени.
Останува да видиме кој ќе ја предводи новата бугарска влада и дали истата ќе наиде на соработка