Станува збор за договорот околу условите за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан.

-Тој има за цел да им овозможи на граѓаните на Албанија, Северна Македонија и Србија пристап до електронските услуги на националните портали на овие земји преку креирање електронска идентификација „Отворен Балкан“ и остварување на можноста за пристап до пазарот на труд во трите земји“, соопштија од Владата.

Другиот текст кој е утврден е за Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан, кој, кога ќе биде ратификуван од трите земји, на граѓаните ќе им овозможи слободно да се движат и да работат во секоја од нив.

-Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан е резултат на иницијативата „Отворен Балкан“ за поедноставување на процедурите за еднаков пристап до пазарот на трудот во регионот по примерот на ЕУ, со што се прави чекор повеќе кон прифаќање на вредностите и практиките во Европската унија, додаваат од Владата.

Моментно меѓу Албанија и Косово е во сила Договорот за пристап до слободниот пазар на трудот, а сега се проширува со Македонија и Србија.