„Европски сојуз за промени“ е името на коалицијата на опозицискиот албански фронт – Демократско движење, Движењето Беса и Алтернатива.
Оваа денеска на прес-конференција го соопшти претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, придружуван од двајцата претседатели на партиите Изет Меџити и Биљал Касами.
Гаши информира дека врвен приоритет на нивната коалиција останува борбата против корупцијата. Посочи дека го поддржуваат и патот на нашата земја кон евроинтеграциите.
Гаши потенцира дека крајно време е да се тргне навредливата формулација „јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со албански јазик.