Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон ја заврши кариерата уште во 2013 година, но се уште заработува повеќе од мнозинството фудбалери во англиската Премиер лига.
Фергусон по повлекувањето од клупата на „Црвените ѓаволи“ остана во клубот како амбасадор на Јунајтед, чиј менаџер беше цели 26 години.
Ако мислевте дека амбасадорската позиција во Јунајтед не е добро платена, тогаш се лажете, бидејќи легендарниот Шкотланѓанец за оваа „функција“ заработува дури 2.500.000 фунти годишно.
Покрај овој извор на приходи, популарниот Ферги заработува од инвестиции, настапи во медиумите и продажба на автобиографската книга и на тој начин приходува огромни 13.500.000 фунти годишно.