Преку оваа честитка, Ахмети најавува дека годината што доаѓа ќе биде полна со предизвици бидејќи, како што вели, напорно работиме за подобра иднина.
-Последните денови од оваа година не поттикнуваат да рефлектираме за изминатите 365 дена и да ги предодредиме нашите цели за следните 12 месеци. И оваа година, како и претходната, беше проследена со новите правила на живот кои ни ги наметна пандемијата, но и со загубата на голем број наши граѓани од вирусот и трагедиите предизвикувајќи голема болка кај сите нас. Оваа година се одбележа и 20 годишнината од Охридскиот договор, правното потврдување на Коридорот 8, прогласувањето на Шар Планина за национален парк, како и следната изборна победа, вели Ахмети.
Тој посочува дека ќе работат за да ја почнат годината што претстои со отворање на преговорите за членство во Европската Унија, со поставување на камен темелникот на Коридорот 8, енергетската и економската стабилизација, продолжување на гасификацијата и крајот на пандемијата.
-На сите граѓани каде и да се, во државата, регионот и во дијаспората, им посакувам Среќна Нова година со најискрени желби за здравје, благосостојба и успех, вели Ахмети во новогодишната честитка.