Постигнат е договор за мнозинство во Советот на Општина Гостивар, информираа денес од партијата Алијанса за Албанците, од каде нагласуваат дека мнозинството ќе го сочинуваат избраните членови на новиот Совет од: Алијанса за Албанците-Алтернатива, ВМРО-ДПМНЕ, ДПТМ, БЕСА и ДСР, кои се вкупно 19.
Гостиварскиот совет брои 31 советник. Според гласањето во првиот круг на Локалните избори, Алијанса за Албанците-Алтернатива има 10 советници, ДУИ-9, ВМРО-ДПМНЕ- 4, ДПТМ- 3, СДСМ-3, БЕСА и ДСР по 1 советничко место.