-Но секако, мора да седнеме со нашиот коалициски партнер (Алтернатива, н.з.) и верувам дека за два – три дена ќе ги имаме партиските позиции кои ќе бидат официјализирани од органите на партиите. Наш политички противник е ДУИ, и секој кандидат кој не е од ДУИ сметам дека треба да биде поддржан од албанската опозиција и тоа во сите општини без исклучок”, рече Таравари, а пренесува Тетова сот.
Како што веќе објави Фактор, за Кичево ќе претстои тешка војна, бидејќи постои голема изедначеност на резултат меѓу двајцата противкандидати. Како што е познато, таму ќе се натпреваруваат Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ и Фатмир Дехари од ДУИ, меѓу кои има разлика од само еден процентен поен, односно 38,4 за Јовановски, наспроти 37,3 отсто за Дехари.
Сепак, таму значаен процент гласови освои Фатмир Лимани, внукот на Али Ахмети, кој настапи како независен кандидат, освојувајќи 19,76 отсто од гласовите на кичевчани.
Таравари најави дека ќе биде поддржан и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница.
Веќе објавивме дека за општина Брвеница во голема предност е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Илиевски, со 29,67 отсто од гласовите, а зад него со разлика од повеќе од десет процентни поени е Енвер Пајазити, кој е предложен од група избирачи, и кој освоил 19,07 проценти од гласовите.
Таравари вели и дека испил кафе со шефот на изборниот штаб на Беса Аријанит Хоџа и дека и нему му бил пренесен ставот дека Алијанса за Албанците има еден главен политички противник – ДУИ.