Секоја партија си има своја стратегија, ние сметаме дека симболиката е битна за нас, затоа што мислиме дека Чаир сега ќе премине во рацете на Алијанса и Алтернатива. Овие избори мислам дека се многу повеќе од локални избори, се очекува ако се добијат повеќе општини од опозицијата, најверојтно ќе има и ново мнозинство или евентуално нови парламентарни избори можеби напролет. Ова мнозинство функционира со 62 пратеници и никако да се поправи, ако се победи во Скопје и повеќе општини од опозициските партии тоа веќе се подразбира или ново мнозинство или нови парламентарни избори, рече генералниот секретаар на партијата Арбен Таравари.
Беким Сали, кандидат за градоначалник на Чаир од Алијанса и Алтернатива, кој е поддржан од ВМРО-ДПМНЕ меѓу другото ќе се залага забезбедноста во Чаир за која како што вели е доведена под знак прашање.Во својата програма нуди и финансиска помош за основање на мали бизниси кои ќе бидат мултиетички.