Од таму велат дека на денот на денот на изборите, кога и Уставот забранува каква било активност што ги спречува граѓаните да го остварат своето право на глас, актуелната власт го изолира Дебар и ги спречува граѓаните на Дебар да го остварат своето демократско право.
-Во недела, на денот на гласањето, од утринските часови се изведуваат работите на асфалтирање на патот Маврово-Дебар и следствено овој патен правец се држи блокиран. Ваквата состојба ги спречи многу жители на Дебар кои се привремено вработени во други градови да дојдат и да го остварат своето избирачко право. Апелираме надлежните итно да го деблокираат патот и да побараат одговорност од оние кои наредиле вакво сценарио, се вели во соопштението.